Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Ковачевски ќе присуствува на седницата на Советот за безбедност

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, на 6 септември 2022 година (вторник) со почеток во 11:00 часот ќе присуствува на 17-та седница на Советот за безбедност.

На дневен ред на Седницата ќе биде енергетската криза во Република Северна Македонија и мерки за нејзино надминување.

На Седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координацијата на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими и министерот за економија, Крешник Бектеши.

По завршувањето на седницата на Советот за безбедност ќе следaт изјави на претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Филипче заедно со Пендаровски на денешната промоција на документарниот филм “Заробена вистина”

ДЕСК

ОД МИНУС ДО ПЛУС: Свежи утра и постепено затоплување преку ден

ДЕСК

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

ДЕСК