11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски за референдумот: Во моментот секое спречување на евроинтеграциите е на штета на државата

Референдумот е само за лични цели, попречување на патот кон ЕУ е на штета на државата, истакна премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање по седницата на Советот за безбедност.

„Тоа што опозицијата во моментот го прави, го прави единствено заради свои внатрешни партиски потреби. Задржување на позицијата на веројтано нивниот претседател. Референдумското прашање тие, веројатно, ќе го достават до Собранието. Во овој момент какво било спречување на продолжување на процесот на евроинтеграциите на државата е правење штета и на граѓаните и на државата во евроинтегративниот пат. Колку бргу ќе се движиме ние во приклучувањето кон ЕУ сега зависи исклучиво од нас бидејќи имаме задачи и активности што треба ние да ги спроведеме дома кај нас. Тоа се однесува како на спроведувањето на успешен скрининг за што веќе информиравме вчера за воспоставување преговарачка структура, денес дојде и главниот советник што ќе работи со тимот, тоа е поранешниот хрватски главен преговарач за ЕУ и постојан претставник во ЕУ на Хрватска“, рече Ковачевски.

Додаде дека истата таа опозиција беше против преспанскиот договор поради тоа што ќе сме го изгубеле идентитетот, а ниту сме изгубиле идентитет ниту го спомнуваат преспанскиот договор. Истата таа опозиција, рече Ковачевски, организира референдум против територијалната поделба во државата и за време на тој референдум, кој беше неуспешен, зборуваше дека дента кога ќе дојдат на власт, ќе ја укинат територијалната поделба. 11 години беа на власт, не ја укинаа територијалната поделба.

Истата таа опозиција, додава Ковачевски, не беше во парламентот да гласа против договорот со Бугарија. Претседателот на таа опозиција пред камерите на бугарски јазик на бугарскиот премиер му рече дека го поддржува договорот за добрососедство со Бугарија и сега излегува со референдумско прашање против договорот со Бугарија, а кој пред камерите го поддржа, рече Ковачевски.

„Тоа е една неконзистентност, гледање лични партиски интереси, кои немаат никаква поддршка ниту кај граѓаните ниту кај политичките партии во опозицијата“, заклучи премиерот.