Времето денеска претпладне променливо облачно со локален дожд, претежно во југоисточните делови.
Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Бонус видео:
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 27 степени. УВ = 6.
Во Скопје и во околината во утринските часови променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност.
Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со постепен пораст на дневната температура.


