Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен крадец во Гостивар, одземеното вратено на сопственикот

На 04.09.2022 околу 19.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 30-годишниот Ш.Ф. од гостиварско Чегране, кој претходно на улица „Борче Јовановски“ во Гостивар одзел скутер со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на Џ.Р.(30) од Гостивар.

Скутерот бил пронајден и вратен на сопственикот, а Ш.Ф. бил задржан во Полициската станица Гостивар. По целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

„ПКУ Херои“ го одржа вториот камп за деца со фенилкетонурија и нивните семејства

ДЕСК

ЗИМАТА ТРОПА НА ВРАТА – Македонија ја очекуваат снег, дожд и силен ветер, температурите одат во минус

ДЕСК

РАСПРАВИЈА ЗА КРАВИ ЗАВРШИЛА СО ТЕШКИ ПОВРЕДИ – Нападната 67-годишна жена во кривопаланечко

ДЕСК