Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Лукаревска: Борбата со кризата е маратон, не спринт, имаме 76 милиони евра за антикризни мерки

„Ребалансот на буџетот беше основата каде што се предвидуваат одредени дејствија за да се помогне и на компаниите да се надмине кризата. Имаме 76 милиони евра бафер за нови антикризни мерки“ изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска во Дневникот на Сител.

Таа додаде дека предвидени се повеќе од 3 милијарди денари за субвенции во земјоделието, 2,2 милијарди денари за МОЈДДВ, средства за гарантирана социјална помош, за субвенции за придонеси за повисоки плати, за минимална плата, средства за сузбивање на енергетска сиромаштија, за зголемување на енергетска ефикасност и слично.

„Ова е маратон, не може да трчаме спринт. Ова е специфично време, не само за нас, туку и за цела Европа и светот“ кажа Лукаревска.

Директорката на УЈП додаде дека наплатата на даноците оди со добро темпо и дека буџетот е ликвиден. Како што кажа таа во периодот јануари-авугст оваа година има за 18,3 отсто повеќе прибрани средства од даноци во однос на истиот период минатата година.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Истече рокот за исполнување на Реформската агенда, се потври уште една лага на Мицкоски

ДЕСК

Мицкоски на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан- МЕФ 2026

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче да му пренесе на Радев, без гаранции и без испорака од Бугарија, уставни измени нема да има

ДЕСК