Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

УХМР предупредува: Невреме на повеќе места ова попладне – можни нови пплави на улиците, подрумите, куќите…

За време на попладневните и вечерните часови (кон крајот на денот), повторно се очекува дестабилизација на времето кое биде променливо облачно, на повеќе места (особено во јужните и југоисточните делови од земјата) со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, на места и во форма на невреме.

Локално, се очекува процесите да бидат поинтензивни, со пообилен краткотраен интензивен дожд кој доколку просторно е сконцентриран во градските урбани средини може да предизвика локални проблеми како локално поплавување на дел од улиците, локално поплавување на најниските делови од урбаните средини, како подрумските простории и.т.н. како и да доведе до брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците низ земјава.

Нема опасност од излевање на поголемите реки чиј што водостој е сеуште низок.

Предупредуваме на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава, како и низ урбаните средини каде се можни локални краткотрајни но интензивни врнежи од дожд кон крајот на денешниот ден и ноќта како и за време на утринските часови на утрешниот ден.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Истече рокот за исполнување на Реформската агенда, се потври уште една лага на Мицкоски

ДЕСК

Мицкоски на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан- МЕФ 2026

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче да му пренесе на Радев, без гаранции и без испорака од Бугарија, уставни измени нема да има

ДЕСК