Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Коста Костадинов на чести средби со граѓаните – Ретко одат на седниците на општинските совети, ама сакаат средби со градоначалници

НВО Инфоцентарот во соработка со партнерските организации, а со поддршка на меѓународниот центар „Олоф Палме“ од Шведска, во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, спроведе мониторинг на работењето на општините Куманово, Свети Николе, Велес, Струмица, Крива Паланка, Теарце, Дебар и Маврово – Ростуше во делот на транспарентноста на општините.

Добиените наоди од мониторингот покажаа дека градоначалниците во првите четири месеци од годината се среќавале со граѓаните на општинте. Најмногу со граѓаните во првиот квартал од годината се среќавал градоначалникот на Општина Струмица.

Според добиените податоци граѓаните и граѓанските организации многу малку се заинтересирани да присуствуваат на седниците на советите на општините. На пример, во општина Струмица и општина Маврово и Ростуше на седниците на советот на општината не присуствувал ниеден граѓанин. Во Свети Николе, пак, граѓани присуствувале само на една седница, на која се расправало за дислокација на депонија.

Секоја општина има различен број комисии. Во Општина Куманово нивниот број е 14.

Во Општина Теарце има Комисија за подароци и благодарност, а во Маврово – Ростуше има комисија за унапредување на правата на пациентите.

Во однос на родовиот баланс, во советите на општините Крива Паланка, Куманово и Свети Николе процентот на жени е над 40%. Жени ги предводат советите во четири од седум општини.

Можеби ќе ве интересира

Сертифицирана втората генерација социјални ментори во земјава

ДЕСК

„Европа е за можностите“: Младите во Штип го одбележаа Денот на Европа преку студии, мобилност, дијалог и музика

ДЕСК

Вознемирувачки случај во центарот на Скопје: Жена пријавила недолично однесување на маж кој се самозоволувал пред неа

ДЕСК