24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Грковска: Градиме партнерски однос со граѓанските организации при креирање на антикорупциските политики

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска имаше работна средба со Марија Ристеска и Александар Цеков од Центарот за истражување и креирање политики, на која разговараа за продлабочување на меѓусебната соработка, особено во делот на креирање политики на добро управување и безбедност.

Вицепремиерката Грковска информираше дека Кабинетот одржува редовни координативни средби на месечно ниво со граѓански организации и има тесна соработка со невладиниот сектор, зашто партнерскиот однос со нив е клучен при креирањето на идните политики.

На средбата претставниците на граѓанската организација ја запознаа вицепремиерката Грковска со регионалниот проект „СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“, кој во Република Северна Македонија и во Србија се имплементира од страна на Центарот за истражување и креирање политики. Со проектот се обезбедуваат грантови за шест држави од регионот, а целта е да се зајакне партиципативната демократија преку градење на капацитетите на граѓанските организации за поефикасно вклучување во процесот на креирање политики.

На состанокот беше разговарано и за севкупните активности на Кабинетот поврзани со антикорупциските политики и дигитализацијата на процесите во државни институции при што двете страни изразија подготвеност соработката да продолжи во сите приоритетни области.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Грковска: Пред 81 година ја избравме вистинската страна како дел од антифашистичката коалиција, и денеска сме на вистинската страна, ги промовираме правдата, мирот и соживотот

M T

Грковска: Системскиот пристап во справувањето со перењето пари и финансирањето тероризам дава резултати

M T

Средба на Грковска со романската амбасадорка Аксинте: Унапредување на соработката меѓу Северна Македонија и Романија, посебно во областа на креирање на антикорупциски политики

M T

Грковска: Дигитализацијата е високо на агендата на Владата зашто е клучен процес за подобрување на јавните услуги и за развој на демократијата во едно општество

M T

Грковска и Тренчевска на средба со Сојузот на борци од НОАВМ: Значајно е место на борците во општествениот живот, ги одржуваат сеќавањата на историските придобивки

M T

Грковска на работен состанок во ДКСК: Меѓусебната соработка и комуникација е клучна во процесот на градење на одговорни и отчетни институции

M T