7. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Стапуваат на сила мерките за штедење на струја, институциите ќе мора да ги намалат сметките за 15 отсто

Државните институции од денес ќе мора да ги намалат сметките за електрична енергија за 15 отсто во однос на истиот период од претходната година, со што се очекува заштеда на електрична енергија од 19,5 милиони киловат-часови за шест месеци.

Министерството за економија донесе сет препораки и задолженија за намалување на потрошувачката на електрична енергија во пресрет на зимата која се очекува да биде тешка.

За домаќинствата и компаниите се предвидени само препораки, а за институциите се предвидени конкретни задолженија. Целта е да се постигне 15 отсто помала потрошувачка во однос на истиот месец од претходната година. Ако не се постигне оваа цел, ќе следуваат санкции за институциите.

Државните објекти кои се во сопственост на централната власт се задолжени да го исклучат декоративното осветлување на фасадите. Не смее да се користи светло внатре во објектите во период кога има доволно дневна светлина. Во јавните објекти во сезона на ладење температурата да се мести не пониско од 27 степени, односно во сезоната на греење не повисоко од 20 степени.

Кратко и интензивно проветрување, исклучување на осветлувањето, да се исклучат сите компјутери по завршување на работата. Да се печатат само неопходни документи, редовно да се менуваат филтрите на грејните тела, се препорачува менување на ПВЦ-прозорци каде што е можно. Ќе треба институциите да имаат ангажирано лица кои ќе се грижат дали ова ќе се спроведува. Раководителите секој месец ќе достасуваат извештаи до Владата за потрошувачката на енергија.

Овие задолженија ќе важат до 31 март 2023 година.

Во делот на јавните патишта треба да се намали осветлувањето до минимален сигурносен обем на осветлување улици, плоштади и други објекти.

На домаќинставата им се препорачува вклучување бојлер по потреба и по можност на евтина струја, вклуќување на машините за перење и за миење садови само кога се полни и исто така на евтина струја, разумно користење на грејните тела, максимално користење на дневната светлина и топлината од сонцето, гаснење на сијалиците кога не се престојува во одередни простории, готвење во помали садови или во садови соодветни на големината на ринглата, кратко и интензивно проветрување на просториите.

Можеби ќе ве интересира

ЕСМ го зголеми производството, струја обезбеди за дел од домашното стопанство

M T

Утре без струја делови на Аеродром, Студеничани и Карпош

M T

Каевски: Мицкоски нека размисли уште еднаш, струјата од хидроцентралите да им се даде на граѓаните

M T

Еврокомесар за управување со кризи: Реална закана од прекин на струја во Европа

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

АФПЗРР : Реализирана исплата на директни плаќања по повеќе мерки

M T