4. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Ковачевски за „Политика” : Регионот заедно ќе ја преброди зимата, да нема недостаток на храна и енергенси

Премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто за српскиот весник „Политика“ истакна дека во рамки на Отворен Балкан веќе се преземаат иницијативи за економско-енергетската криза, како последица на Ковидот и воената агресија врз Украина.

„Ние веќе разговаравме интензивно на минатиот Самит на овие теми, а минатиот месец во Тирана имаа состанок и работните групи на нашите Влади. На Самитот кој ќе се одржи тука во Белград, ние како Влади но и ресорните министерства ќе имаат интензивни разговори за изнаоѓање конкретни начини за обезбедување доволно храна и енергенси со кои би ја пребродиле најтешката зима од Втората Светска Војна наваму. Ќе се посвети особено внимание на тоа регионот во секое време да има обезбедено храна и енергенси и да се обезбеди непречен проток во снабдувањето со основните прехранбени производи, односно да се реагира брзо и соодветно доколку се појави некое нарушување во синџирите на снабдување. Во досега воспоставените механизми и потпишани меморандуми за соработка ние практично се обврзавме да си помогнеме во наредниот период кој очекувано ќе биде сериозно тежок. Но тоа секако не е непозната категорија. Ние си помагавме и во услови на ковид пандемијата. Да заклучам, ние интензивно ќе работиме за да нема недостаток на храна и енергенси, но новата геополитичка реалност упатува на внимателност. Ќе имаме зима полна предизвици. Но, како и досега, како добри комшии, ќе си помагаме“, рече Ковачевски.

Ковачевски подвлече дека мора заеднички да изградиме силна и конкурентна регионална економија.

„Одливот на мозоци и постојаното иселување најчесто заради економски причини е навистина тема која е во фокус, но со вакви иницијативи се работи на тоа да им се овозможи на граѓаните, особено на младите луѓе, да си ја градат иднината тука, дома, во регионот. Со Отворен Балкан и сите активности кои произлегуваат од него, ние сме чекор поблиску до европски плати, европски квалитет на живот, енергична економија и владеење на правото, сега, тука, дома“, рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски за „Политика“: Развиен регион интегриран во ЕУ се наши стратешки приоритети

M T

Oсмани во посета на БиХ, војната во Украина и нејзиното влијание врз регионот меѓу главните теми

M T

Шест работи што возачите треба да ги знаат при зимско возење

M T

Ѕвездите кажуваат: Родените во овие три хороскопски знаци ќе се заљубат оваа зима

M T

Заев: Нашиот регион ќе биде извор на обновлива енергија за нашите граѓани и за зелената енергетска иднина на ЕУ

M T

Немаат ниту сонце ниту море, а туризмот сред пандемија им е четири пати подобар отколку во Хрватска

M T