Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи во Виена ќе ги претстави приоритетите на Северна Македонија за претседавањето со ОБСЕ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес ќе ја претстави приоритетната рамка на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, пред Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена.

МНР активно се подготвува за преземањето на претседавањето од актуелниот претседавач – Полска и презеде серија активности во функција на операционализација на доверениот мандат во 2023 година.

Во таа насока, преку активен дијалог со релевантните државни институции, земјите учеснички и извршните структури на ОБСЕ, беше развиена прелиминарна рамка на приоритети преку која ќе имаме директен придонес врз политиките поврзани со трите димензии на ОБСЕ, политичко-воената, втората која ги таргетира прашањата поврзани со економијата и животната средина, како и третата, хуманата димензија.

Во Виена, МНР Османи ќе оствари средба со Генералната секретарка на ОБСЕ Шмид, постојани претставници на земјите учеснички, а за време на престојот е предвидено да оствари средба и со сојузниот министер за европски и надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг.

Можеби ќе ве интересира

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, лишен од слобода осомничениот за стореното кривично дело, следува пријава

ДЕСК

Шок во Клинички центар: Двапати се обидел да прегази медицинско лице

ДЕСК

Сообраќајна несреќа со млади лица: Возач тешко повреден, тројца завршија во болница – сите на возраст од 18-19 години

ДЕСК