Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: За Скопје под вода Трипуновски вината да ја побара кај локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ

Цветан Трипуновски наместо да се бламира како непознавач на надлежностите и функцинирањето на локалните самоуправи, како и на системот за авионско засејување облаци треба да им се обрати на јавните претпријатија и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, реагира СДСМ по обвинувањата изнесени од опозициската партија.

„Локалните самоуправи предводени од ВМРО-ДПМНЕ и директорите на јавните претпријатија потфрлија при невремето што вчера попладне го зафати Скопје и околината.

Очигледно ниту каналите, ниту шахтите не се проверени навреме и не се исчистени соодветно. Над 10.000 домови беа поплавени а ЈП водовод не презеде ништо.

Невремето предизвика хаос во сообраќајот, а Центарот за управување и контрола на сообраќајот не ги информираше граѓаните што се случува на сообраќајниците. На терен беше само полицијата и институциите од централната власт а локалната власт никаде ги немаше.

Што се однесува до споменатиот систем за авионско засејување облаци Трипуновски пред да излезе во јавноста треба да се информира и да знае дека се користи само за реагирање, одбрана и превенција на земјоделски површини. За последните три години процентот на заштита од град за земјоделските површини е 80%.

Но, не е до системот, за Скопје под вода потфрли локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Среде криминалниот скандал со Алта банка, судството под контрола на Мицкоски го ослободува Боки 13

ДЕСК

ХАЏИ ВАСИЛЕВА ГИ НАЈАВИ ПРИОРИТЕТИТЕ – Организациски промени и отпор на притисоци во ОЈО ГОКК

ДЕСК

ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА БОКИ 13 – Апелација ја преиначи одлуката за „Меѓународен сојуз“

ДЕСК