Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведец крадец во Штип

На 30.08.2022 во 08.45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Д.М.(33) од Штип, кој се сомничи дека ноќта помеѓу 27 и 28.08.2022 во Штип, со употреба на алат од продажен објект одзел повеќе предмети, а на 28.08.2022 во периодот од 16 до 17 часот на ул„Маршал Тито“ во Штип од незаклучено возило „мерцедес“, сопственост на П.М.(37) од Штип, одзел повеќе предмети. Исто така, на 08.08.2022 одзел предмет од продажен објект во Штип.

Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицето било задржано во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

C +

Мицкоски: Владата проактивно работи на реновирање на туристички сместувачки капацитети, очекувам 2026 година да имаме раст на бројот на туристи

C +