Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Автомобил прегази маж на скопската обиколница, пешакот починал на лице место

На 30.08.2022 во 21.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот – Северна обиколница на град Скопје, во близина на клучка Радишани, патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(28) од Скопје, удрило во К.П.(68) од Скопје. Во несреќата, на местото починал пешакот, а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.

Со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК