Centar.mk
МАКЕДОНИЈАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

СДСМ: Кога немало криза Мицкоски како директор на ЕЛМ купувал 3 пати поскапа струја

Христијан Мицкоски како најнеуспешниот директор на АД ЕСМ и советник на Груевски за енергетика, купувал електрична енергија по три пати повисока цена. Во време кога немаше никаква криза, Мицкоски, како директор, купувал електрична енергија по цена од 250е/MWh, а тогаш струјата се продаваше по 70е/MWh, се вели во соопштението од СДСМ.

Цената на струјата во времето на Мицкоски се зголеми за 100 проценти и кога тој беше директор и советник, немаше инвестиции во енергетски капацитети, туку неразумни и непродуктивни вложувања.

Додека Владата предводена од СДСМ презема мерки за справување со енергетската криза, со активирање на сите расположливи капацитети и субвенционирање на цената на струјата за граѓаните, Мицкоски шири невистини и ништо друго, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Европски фронт собира потписи за уставни измени: Време е да се деблокира евроинтеграцијата

C +

Авиокомпаниите ќе продолжат да ги зголемуваат цените дури и по поевтинувањето на горивата, пишува Си-ен-ен

C +

Се запали сендвичара во Охрид, има повредени

ДЕСК