Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Претпладне сончево, а попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси во форма на невреме.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната од 26 до 33 степени.

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК