Centar.mk
МОЗАИК

БЕЗ ТРАГИ – Еве како лесно да ги отстраните етикетите од теглите

Ајварот, слаткото, киселите краставички и сите други специјалитети во кои уживаме во текот на зимата ги чуваме најмногу во стаклени тегли.

Без разлика дали чувате стари тегли или користите купени од продавница, на нив има различни етикети кои понекогаш е невозможно да се отстранат.

Доколку и вас ве нервира што никогаш не можете целосно да ги отстраните без да оставите траги од лепак, имаме едноставен трик кој ќе ви ја олесни оваа работа.

Состојки:

сода бикарбона

масло

Подготовка:
Сè што треба да направите е да измешате еднакви делови од сода бикарбона и масло за да направите паста, околу половина чаша. После тоа, нанесете ја пастата на секоја тегла од која претходно сте ги извадиле етикетите и остануваат траги од лепак. Оставете го така околу 10 минути, а потоа едноставно отстранете ја пастата со влажна крпа, која исто така ќе го отстрани лепилото. После тоа, добро измијте ги теглите со топла вода и детергент и тие се спремни за зимско складирање.

Можеби ќе ве интересира

Синот не го информирал таткото дека почнал да заработува пари, сега мора да врати 7.315 евра алиментација

ДЕСК

Два хороскопски знаци ќе заработат големи пари до крајот на ноември – Дали сте вие еден од нив?

ДЕСК

ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Една мала одлука може да ја пренасочи иднината – енергијата на 8 ноември не е случајна

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.