23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНОИЗБОР

Претходниот градоначалник на Охрид ја планираше за градски парк, Пецаков ја дава Касарната за хотел

Советниците на Општина Охрид денес ќе гласаат за предлогот на градоначалникот Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ просторот на поранешната Касарна, последната голема зелена површина во Охрид, да стане хотел.

Согласно планот на Пецаков, 21 илјада метри квадратни треба да станат хотелски комплекс со основа на градба од над 12 илјади квадрати, со што згаснуваат надежите на охриѓани за парк на ова место.

Колку за споредба, претходниот градоначалник, Константин Георгиевски во програмата, за објектот на поранешната Касарна планираше изградба на градски парк со што Охрид ќе добиеше спортско-рекреативен комплекс по сите современи стандарди.

Сега, наместо зеленило и простор за рекреација, општината е спремна оваа површина да ја даде на долгорочен закуп со цел изградба на хотел и дополнително бетонирање на градот за само 1.528.133 денари.

Толку градоначалникот го вреднува ова зеленило и пред интересите на градот и охриѓани ги става бизнис интересите на неколкумина кои би профитирале од ваквата зделка.

Спонзорирано: