Centar.mk
БИЗНИСПРОМО

Од комуникација до конкретна поддршка: Халкбанк за македонските земјоделци

Препознавајќи ги предизвиците со кои секојдневно се соочуваат македонските земјоделци, Халкбанк оваа година го лансираше специјализираниот EFSE Земјоделски кредит, наменет за поддршка на земјоделското производство, унапредување на фармите и зголемување на продуктивноста и приносите.

Но, наместо да остане само на комуникација за придобивките од финансиската поддршка, Халкбанк одлучи да направи чекор понатаму – да создаде кампања што не само што зборува за потребите на земјоделците, туку и директно одговара на нив.

Така настана креативната кампања Content Creators, кампања со поинаков пристап кон креирањето содржини, ставајќи ги самите земјоделци во улога на Content Creators. Нивните искуства, секојдневие и предизвици станаа автентичен дел од комуникацијата, придонесувајќи за поголем интерес за земјоделството и поблиско поврзување со оваа важна општествена заедница.

Дополнително, беше лансирана и кампањата Scratching Ads, која ги претвори рекламните површини во нешто навистина корисно за земјоделските заедници. Билбордите поставени во близина на пасиштата беа обложени со четки за чешање, овозможувајќи им на животните да се чешаат и истовремено придонесувајќи за нивната благосостојба и продуктивност. A промотивното возило, исто така опремено со четки, ги посети земјоделските региони и ја однесе идејата директно до фармерите и нивниот добиток.

Како продолжение на оваа приказна, документирано е и видео со Александар Настовски, сопственик на Краварска фарма АГРО-БАГС од с. Сопотница, кој преку лично искуство ја доближува важноста на поддршката за современо и продуктивно земјоделство.

<iframe width=”1337″ height=”752″ src=”https://www.youtube.com/embed/YVuZ5XSYHIw” title=”Краварска фарма АГРО-БАГС с.Сопотница” frameborder=”0″ allow=”accelerometer; autoplay; clipboard-write; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture; web-share” referrerpolicy=”strict-origin-when-cross-origin” allowfullscreen></iframe>

Креативниот пристап во промоција на земјоделскиот кредит и неговото влијание добија и значајни меѓународни и регионални признанија. На еден од најреномираните креативни фестивали во регионот, Golden Drum, кампањата освои вкупно четири награди – едно злато, две сребра и една бронза. Дополнително, на Kaktus Awards беа освоени уште две признанија во категориите Single Channel Media и Multi Channel Integrated Profit.

Овие признанија се потврда дека вистинската креативност не се мери само преку впечатливи идеи, туку и преку нивната способност да создадат конкретна вредност.

Со EFSE Земјоделскиот кредит и кампањата наменета за овој пакет, Халкбанк уште еднаш ја потврдува својата посветеност на поддршката на домашното земјоделство, покажувајќи дека кога банката ги разбира луѓето и нивните реални потреби, финансиската поддршка може да прерасне во многу повеќе од кредит – во вистински партнер за раст и развој.

 

фото Халк Банка

Можеби ќе ве интересира

Energy Delivery Solutions Инфо ПоинтЧ Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 27 ноември 2026 изнесува 307,68 евра за мегават час, на МЕМО 293,55 евра за мегават час

ДЕСК

БРЗИ КРЕДИТИ, БАВНО ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД ДОЛГОВИТЕ – Треба ли Македонија радикално да го преиспита овој пазар?

ДЕСК

ДЕНЕСКА Е ЦРН ПЕТОК – Не дозволувајте големите попусти да ви го испразнат паричникот

ДЕСК