Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

42 винарии и 3 дестилерии од Северна Македонија на Саемот за вино, храна и туризам на Отворен Балкан во Белград

На Саемот за вино, храна и туризам на Отворен Балкан во Белград, Северна Македонија ќе се претстави со слоганот „Вкуси го животот” и со фокус на регионална, глобална, но и домашна промоција на туристичките, гастрономски и винските капацитети на Северна Македонија.

Од Северна Македонија ќе учествуваат 42 винарии и 3 дестилерии кои ќе се претстават со повеќе од 300 различни типови македонски вина и ракии.

Се очекува стотици илјади посетители на Саемот кои ќе може да дегустираат автентична македонска храна која ќе ја подготвуваат македонски врвни готвачи како и храна од српската и албанската кујна подготвена од српски и албански врвни готвачи.

„Винска визија на Отворен Балкан” ќе понуди богата програма која вклучува дегустации на вино, натпревар „Трофеј на виното на Отворен Балкан“ 2022 година, едукативни еснафски работилници, дискусии за потенцијалот на винската индустрија на Балканот, можности за зголемено учество на светските пазари, како и средби меѓу претставници на производителите и откупувачите со цел проширување на економските потенцијали за компаниите и за економиите од регионот.

Премиерот Ковачевски ќе биде домаќин на промотивен настан од економски карактер односно „Македонска вечер” посветен на промоција на македонската економија преку презентација на македонските вина, храна, музика и туризам. На Македонската вечер ќе присуствуваат претставници на бизнис заедниците и владите од Србија, Албанија и Северна Македонија кои ќе бидат присутни на Саемот во Белград.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК