Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Олеснети и брзи процедури за инсталација на обновливи извори на енергија

„Ние веќе подготвуваме ново законско решение, тоа е практично во финална фаза, го помина вториот круг на консултации, на коментари, помеѓу министерствата, односно помеѓу различните ресори и многу скоро ќе се најде пред пратениците, а тоа е за апсолутно забрзување на инсталација на електроенергетски постројки од обновливи извори на енергија, тука пред се мислам на фотоволтаиците, меѓутоа има и некој кој инвестира во помали капаците за ветерна енергија и тн.“ изјави премиерот Димитар Ковачевски во Дневникот на Сител.

Тој додаде дека државата повторно работи на обезбедување на најповолна цена за електрична енергија и кажа дека државата во најголем дел ја субвенционира таа цена.

„Цената на електрична енергија е 80 отсто субвенционирана од страна на државата, значи доколку се плати вистинската производствена цена, без никакви профити, тогаш цената би била за 80 отсто повисока од. Тоа се однесува на период од веќе една година како државата ја субвенционира цената на електричната енергија“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека во наредните денови ќе разговара и со претставниците на стопанските комори, со цел да се изрезе во пресрет на бизнисите, бидејќи електричната енергија е еден од главните инпути во секој производствен или услужен процес.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: 65,7 милиони евра за Македонија од Планот за раст за спроведени реформи од Реформската агенда, најмногу од целиот регион, а кога СДС говори за корупцијата нека почне прво со чистење на својот двор кој е полн со криминалци

ДЕСК

Бојковска: Роамингот како дома станува реалност со ВМРО-ДПМНЕ, испорачуваме резултати, а не изговори

ДЕСК

Македонски Телеком добитник на национална награда за одржлив развој за иницијативата „Нет без хејт“

ДЕСК