Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Американските „летечки тврдини“ Б 52 ќе го надлетаат Скопје и Македонија

Утре во 14:35 часот, Воздухопловните сили на САД во Европа и Африка ќе извршат прелети над Скопје со два воени воздухоплови од типот Б52.

Прелетите на воздухопловите го демонстрираат силното сојузништво во НАТО и претставуваат гарант за целата Евроатланска област вклучувајќи ја и Северна Македонија.

Со цел да ја прикажат посветеноста и гаранцијата на сигурноста кон балканските сојузници и партнери на НАТО, Воздухопловните сили на САД во текот на денот освен над македонското небо ќе извршат прелети и над Хрватска, Црна Гора и Албанија.

Заинтересираните фоторепортери ќе можат да ги проследат прелетите од Скопското Кале.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +