Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Двојна победа на владејачката коалиција, Ковачевски поубедлив во изборните соочувања

Две победи на владејачката коалиција и два избрани градоначалници на вчерашните вонредни локални избори. Центар Жупа и Маврово и Ростуше добија градоначалници – кандидати од коалицијата преводена од СДСМ, во првите избори од кога Ковачевски е на чело на коалицијата.

Во Маврово и Ростуше победи кандидатот на СДСМ, Медат Куртовски во директна битка со кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ со разлика од преку 1300 гласови. Кандидатот на владејачката коалиција предложен од ТДП, Аријан Ибраим, ги освои потребните гласови за градоначалник на Центар Жупа и покрај опструкциите на одредени стурктури и овие избори да бидат неуспешни.

Успешниот старт на Ковачевски во изборните соочувања е показател дека граѓаните го поддржуваат концептот кој создава напредно и развиено општество, европски вредности и европска иднина, наспроти блокадите и деструктивноста на опозицијата.

Во време кога целиот свет се соочува со кризи и неизвесност, граѓаните препознаа дека владејачката коалиција работи за нив и го препознаа концептот за европска Македонија.

Можеби ќе ве интересира

До недела променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд

C +

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +