23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Нови 473 новозаразени, починаа 3 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.131 тестови, а регистрирани се нови 473 случаи на КОВИД-19: Скопје – 204, Битола – 37, Охрид – 31, Куманово – 21, Струмица – 20, Кавадарци – 17, Прилеп – 16, Кочани – 14, Велес и Кичево – по 12, Тетово и Гевгелија – по 11, Штип – 9, Неготино – 7, Радовиш – 6, Струга, Ресен, Свети Николе и Берово – по 5, Гостивар, Делчево и Виница – по 4, Крива Паланка и Кратово – по 3, Демир Капија – 2, Дебар, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Пехчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (473), регистрирани се 114 реинфекции.

Регистрирани сe 513 оздравени пациенти од: Скопје – 243, Битола – 30, Куманово – 29, Гостивар – 21, Кавадарци – 20, Струмица и Велес – по 18, Неготино – 16, Прилеп – 15, Гевгелија – 14, Штип – 13, Кичево – 12, Тетово – 11, Радовиш и Виница – по 8, Кочани – 7, Крива Паланка – 6, Делчево – 5, Ресен и Берово – по 3, Свети Николе, Богданци, Крушево и Демир Хисар – по 2, Охрид, Струга, Кратово, Валандово и Македонски Брод – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 3 починати лица од Скопје (76г), Охрид (70г) и Прилеп (93г). Две лица се починати во болнички услови и едно во домашни услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин нема регистрирани починати лица.

Направени се 1.131 теста преку: ИЈЗ-169, ЦЈЗ Скопје-93, ЦЈЗ Битола-51, ЦЈЗ Прилеп-18, ЦЈЗ Тетово-26, ЦЈЗ Куманово-31, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-16, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–127, Жан Митрев (Филип Втори)-9, Авицена-17, Биотек-35, Систина-32, лабораторија Лаор-4, Синлаб-10, Ремедика-6, Плодност-4, Генеа-2, Никоб Лаб-17, ВФВ Медикал-4, Ели Медика Плус-7, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–2, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 437.