Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Фондацијата “Заев” со донација по повод Светскиот ден на хуманоста

Под мотото „Потребно е село“ кое асоцира на познатата поговорка „Потребно е цело село за да се одгледа дете“, годинава, под покровителство на Обединетите нации, се одбележува 19 Август – Светскиот ден на хуманоста. Длабочината на метафората која произлегува од насловот на кампањата, укажува на зголемување на глобалната свест за хуманитарната работа. Ако го разбудиме човекот во секој од нас, сите можеме да бидеме хумани. Денес, како никогаш порано, потребни сме си едни на други.

Поаѓајќи од своите цели и начела, да бидеме „подадена рака“ на оние на кои им е потребна, Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, во чест на Светскиот ден на хуманоста, донира 100.000 денари на „СОС Детско село“ и 100.000 денари за семејствата на четирите куќи од Прилеп, кои неодамна беа опожарени од удар на гром.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК