16.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Деструктивниот Мицкоски власт сонува, избори ќе има во 2024 година и на тие ВМРО-ДПМНЕ ќе изгуби

Откако им пропаднаа сите обиди за блокада и дестабилизација на државата, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со деструктивното однесување на штета на граѓаните. Виде Мицкоски дека неговите деструктивни политики немаат никаква поддршка, па си нарача фингирани анкети за да му го чуваат стравот да не ја изгуби фотелјата во Белиот дворец, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека Мицкоски може да бара референдум, да бара предвремени избори, ништо не го менува фактот дека неговите блокади и деструкции се поразени.

Парламентарни избори ќе има во 2024 година, во редовниот термин и на тие избори Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе изгубат, затоа што нивните деструктивни политики немаат поддршка од граѓаните.

До следните парламентарни избори, државата ќе продолжи по европскиот пат, Владата, парламентарното мнозинство и институциите продолжуваат со реформите важни за граѓаните и државата, се вели во соопштението.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

Каевски: Мицкоски нека размисли уште еднаш, струјата од хидроцентралите да им се даде на граѓаните

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T