Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

164 санкционирани возачи во Скопје, 94 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 94 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за возење под дејство на алкохол, шест мерки за возач почетник…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Снемува пари во Буџетот, дефицитот за три месеци изнесува 408 милиони евра

C +

Европски фронт собира потписи за уставни измени: Време е да се деблокира евроинтеграцијата

C +

Се запали сендвичара во Охрид, има повредени

ДЕСК