Centar.mk
БИЗНИСТЕМА

Унгарците се обезбедија за зимата: Гаспром ја зголеми нивната понуда

Рускиот гасен гигант Газпром почна да и обезбедува на Унгарија дополнителни количества гас.

Додатокот го побара владата на премиерот Виктор Орбан за да ги реши проблемите со снабдувањето со енергија во текот на зимата, изјави претставник на Министерството за надворешни работи во Будимпешта, пишува Блумберг.

Од петокот, „Газпром“ го зголеми протокот кон Унгарија за 2,6 милиони кубни метри дневно до крајот на август користејќи го гасоводот „Турски тек“ што минува низ Балканот, рече државниот секретар на МНР Тамаш Менчер во објава на Фејсбук на сабота. Разговорите за дополнителни количини за септември продолжуваат, рече тој.

Унгарија бара да набави 700 милиони кубни метри дополнителен природен гас над износите наведени во повеќегодишниот договор на земјата со Гаспром, со цел да ги зголеми резервите на гориво.

Можеби ќе ве интересира

РОКОТ ИСТЕКУВА НА ПРВИ ЈУНИ: УЈП со важно известување до граѓаните во врска со даночните пријави

ДЕСК

Среќна вест: Халк банка веќе ги исплати пензиите за мај

ДЕСК

ЕУ КАКО НАЈВАЖЕН ПАРТНЕР: Македонскиот извоз најмногу се потпира на европските пазари

ДЕСК