16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Коциќ: Ја ограничивме маржата на најмногу 10 отсто за дрвата и пелетите за огрев, го штитиме стандардот на граѓаните

Прес-конференција, Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Владата предводена од СДСМ во време на светска енергетска и економска криза презема мерки за заштита на економскиот стандард на граѓаните.

Донесена е Одлука со која се определува највисока трговска маржа во висина од најмногу до 10 отсто во трговијата со огревно дрво од даб, огревно дрво од бука и пелети за огрев.

Оваа одлука важи за сите трговски друштва и трговци-поединци кои учествуваат во трговијата на мало во продажбата на огревно дрво и пелети за огрев, со цел да се заштитат потрошувачите од неконтролирано покачување на цените на стоките за огрев.

Ова е особено важно затоа што домаќинствата се наоѓаат во период на подготвка за грејната сезона и побарувачката за орегвно дрво и пелети е драстично зголемена.

Одлуката ќе се применува до 31 декември 2022 година, а нејзиното почитување ќе се контролира од надлежните институции.

На сила до крајот на септември се уште важат ограничувањата на маржите на основните прехранбени продукти.

Сто ова, почитувани е во насока на заштита на стандардот на семејствата од последиците што со себе ги носи глобалната економска криза.

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерки и политики што го штитат стандардот на граѓаните и обезбедуваат стабилна и ликвидна економија.

Можеби ќе ве интересира

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

ДЕСК

СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Објавено метео предупредување

ДЕСК