Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, од нив четири возеле без дозвола, а двајца под дејство на алкохол учествувале во сообраќајни незгоди

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив четири управувале возило без возачка дозвола, еден управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана и двајца управувале возило под дејство на алкохол. Две лица во тетовско возеле без возачка дозвола и по еден во Кавадарци и скопско Батинци. Едно лице во кумановско Доброшане управувало возило и покрај тоа што имало активна забрана.

Во неговото возило била пронајдена и марихуана. Возач во Кавадарци управувал возило под дејство на алкохол и со него излетал од патот. Додека, возач од кичевско управувал возило под дејство на алкохол и учествувал во сообраќајна несреќа со друго возило, при што се здобил со тешки телесни повреди. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Можеби ќе ве интересира

Бараме повеќе пари за студентски оброк од 200 денари – Филипче за амандманите на СДСМ

ДЕСК

Минчев и Јагџиу потпишаа меморандум за соработка: Ги поврзуваме знаењето и искуството за поквалитетни јавни услуги!

ДЕСК

Митева: Позитивни економски сигнали од Светската банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот, меѓународните извештаи ги потврдуваат позитивните економски движења

ДЕСК