Centar.mk
ИЗБОРЛОКАЛНО

212 казнети возачи во Скопје, 76 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 212 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 76 санкции, 24 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон, шест за возење под дејство на алкохол, осум мерки за нерегистрирани возила…

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Можеби ќе ве интересира

БЕЗ ВОДА ДЕЛ ОД ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – Прекин од 9 часот, не е утврдено кога ќе завршат работите

ДЕСК

СКОПЈЕ ГИ ПОВИКУВА НАЈМЛАДИТЕ – Новогодишните желби ќе се собираат од утре

ДЕСК

Зголемен возниот парк на комуналното претпријатие во Општина Илинден

ДЕСК