Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКЉУБОВ И СЕКС

После тоа, сè е полесно: Психолозите велат дека оваа година во БРАКОТ е пресвртница за многу парови

Многумина веруваат дека седмата година од бракот е кризна и дека ова е пресвртница во одлуката дали заедничкиот живот на партнерот ќе продолжи да функционира или не.

Сепак, едно истражување покажа дека тоа не е така, туку дека кризната година на брак е, всушност, десетта.

Научниците од Универзитетот во Јута (САД) спроведоа студија во која учествуваа повеќе од 2.000 жени, родени помеѓу 1957 и 1964 година. Сите тие беа во брак триесет и нешто години.

Психолозите забележале дека истата шема се повторува во две третини од браковите – паровите прво уживале во среќата, а потоа задоволството почнало да опаѓа.

Научниците сметаат дека најголема причина за тоа незадоволство е жената која пука под деловни и семејни обврски, бидејќи нема поддршка од маж. Така, ако паровите ја „преживеат“ таа десетта година од бракот, имаат големи шанси да останат заедно до крајот на животот.

Имено, жените со текот на времето сфаќаат дека немаат корист од кавгите, па се откажуваат, се посветуваат на себе и на своите интереси. Таквата стратегија најчесто вроди со плод, бидејќи по некое време повторно се поврзуваат со сопружниците, што значи дека повторно уживаат во бракот.

Можеби ќе ве интересира

Дневен хороскоп за 27 јули 2025

ДЕСК

Дневен хороскоп за 26 јули 2025

ДЕСК

Кому ќе му тргне деновиве?: Специјален викенд хороскоп

ДЕСК