Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

Од страна на СВР Струмица, заедно со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во координација со полициски службеници од СВР Скопје, по преземени мерки и активности, лишени се од слобода И.Ј.(40) од Струмица и Ф.С.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.

Имено, на 09.08 2022 А.Т. од Струмица пријавил дека во изминатата година осомничените И.Ј. и Ф.С. во повеќе наврати со вербални закани и со закана со пиштол од него успеале да изнудат околу 20.000 евра.

Од страна на СВР Струмица до ОЈО Струмица против двете лица е поднесена кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на 9 мај: Слободата не е подарок – таа е избор, жртва и одговорност

C +

Филипче: Организираната криминална група на Мицкоски ја држи државата изолирана од Европа

C +

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +