Џеси Форд, докторант по социологија на Универзитетот во Њујорк, спроведе студија која покажа дека младите мажи неволно се согласуваат да имаат секс многу почесто отколку што мислат, пренесуваат медиумите.
Интервјуто со 39 студенти, кои се согласиле да имаат секс против нивна волја, откри различни причини за оваа појава.
Само 8 мажи признале дека го сториле тоа додека биле во алкохолизирана состојба, додека останатите изјавиле дека не се чувствуваат поврзани, дека се уморни, дека немаат кондом, дека сакаат друг вид физички контакт или дека мислат дека нивната партнерка во спротивно ќе ги смета за помалку мажествени.
„Не сакав да бидам во таа позиција бидејќи сексот во тоа време за мене сè уште беше еден вид емотивна работа. Од друга страна, не сакав да звучам чудно“, изјавил еден од бруцошите кој имал несакан секс.
„Мислев дека таа девојка веројатно подоцна ќе им ја раскаже целата приказна на своите пријатели. Имаше и несвесен притисок кој ни го наметна околината – дека момчињата треба да уживаат во сексот во секоја ситуација“, објасни младиот човек.
Одговорите на мажите покажаа присуство на широк спектар на емоции и предрасуди: страв од посрамотење, страв од навредување од партнерката, страв партнерката да не помисли дека е незрел, притисок секогаш да „сака“ секс и свесност дека сексот секогаш треба да биде пријатно искуство, без разлика на се.
Младите мажи најмногу се загрижени дека околината ќе ги исмее ако одбијат атрактивна жена; дека ќе ги нарекуваат „девици“, „идиоти“ или некој што е „геј“.
„Кога девојка ќе ви пријде, помислете „Во ред, ќе ја искористам шансата“ бидејќи тоа речиси никогаш не се случува. Од таа причина, голем број луѓе се согласуваат да имаат секс, иако немаат вистинска желба за тоа“, вели друг испитаник.