Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Масовна тепачка – притвор за 15 мажи

Приведени се 15 жители на Гостивар и околни села поради учество во масовна тепачка која се случи во среда навечер во Гостивар. Полицијата соопшти дека привршува со расчистување на случајот и дека вчера биле приведени последните деветтемина кои учествувале во тепачката.

Дел од нив ќе се соочат со кривични пријави за насилство и поттикнување и поладнево ќе бидат предадени на јавен обвинител, информираат од СВР Тетово. Приведените се на возраст од 40 до 55 години од гостиварското село Ѓурѓевиште.

„Поводот за тепачката биле недоразбирања меѓу перосналот и гости околу држењето ред и услужувањето во угостителски објект за брза храна. Набрзо потоа поголема група на роднини дошле пред објектот и започнала расправија. Благодарение на брзата интервенција на полицијата бил спречен потежок инцидент. Притоа, полициски службеник испукал предупредувачки куршум во воздух“, се вели во полициското соопштение.

Вечерта веднаш по инцидентот биле приведени 4 возрасни мажи и двајца малолетници. За нив е утврдено дека го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во и пред угостителски објект кој при пресметката бил и оштетен.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК