Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски од Мечкин камен: ЕУ ни ги отвори вратите прифаќајќи ја нашата посебност

„Северна Македонија е пример како се градат добрососедски односи, предводеник е во иницијативата ‘Отворен Балкан’ што носи бенефит на економски план и ја зајакнува соработката меѓу соседите. Се интегриравме во НАТО, како почитувана земја-членка, а вратите ни ги отвори и ЕУ, прифаќајќи ја нашата посебност како Македонци, кои говорат македонски јазик и како мултикултурна држава што може да придонесе во развојот на интегративниот концепт на еврпската идеја“ истакна премеирот Димитар Ковачевски во неговиот говор на Мечкин камен на прославата на Илиден.

Тој додаде дека денешните генерации ќе ја имаат можност да го посведочат денот кога со полноправно членство во ЕУ, македонскиот јазик ќе стане јазик на Унијата, еднаков со останатите 24 јазици на ЕУ.

„Сонот македонскиот јазик да се чуе надалеку, да го запознаат, чујат и доживеат земји и култури кои никогаш досега немале допир со него, ќе стане стварност. Нашата генерација ќе има можност се што е автентично за нас и нашиот јазик, култура, обичаи и традиција да го втемели во основите на големото европско семејство, правејќи го побогато и поразлично, вистински обединето во различностите“ кажа Ковачевски.

Прмиерот истакна дека не постои поголемо признание и можнсот за развој на се што е македонско од тоа и дека нема поголем патриотизам од носењето на државнички одлуки.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК