Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Колони возила на „Табановце“ и „Богородица“

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини и утрово е зголемен, информираа од Автомотосојузот на Македонија.

На Граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути, а на ГП Богородица за излез од Македонија се чека околу 15 до 30 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Можеби ќе ве интересира

25-годишна жена од Мала Речица пријавила напад во својот двор

ДЕСК

Возел без важечка дозвола и со истечена регистрација – приведен 22-годишник во Гостивар

ДЕСК

ВНИМАВАЈТЕ, ваква измама се случи во Македонија: Проверил мобилно банкарство и открил дека му недостигаат 139.474 денари

ДЕСК