12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Ги знаеме црвените линии на Мицкоски, прифати НМК и скандалозни Резолуции

Таканаречените црвени линии на Христијан Мицкоски познати му се секому. Истиот тој Мицкоски прифати на Конгрес на Европската народна партија (ЕПП), немаше ништо против, наместо да биде претставен со името на државата, да биде претставен со кратенката НМК кој важи само за регистарските таблички, соопшти СДСМ.

„ Мицкоски не се побуни ниту кога ЕПП усвои Резолуција која е целосно спротивна на државните позиции која ги промовираше во целост бугарските позиции и е далеку полош предлог од предлогот против кој Мицкоски и неговите пратеници со сите сили се спротивставуваа. Ете тоа се „црвените линии“ на Мицкоски линии дијаметрално спротивни од црвените линии дефинирани со Резолуцијата усвоена со консензус во македонското Собрание.

Мицкоски е очаен, осамен и изгубен во сопствената деструкција, затоа мораше да оди по нови насоки во Будимпешта, затоа ги условува своите пратеници со ништовни нотарски изјави без никакво правно дејство. Мицкоски ќе остане запаметен по тоа што во клучните моменти за државата тој бил на спротивната страна и одработувал за туѓи интереси, на штета на интересите на граѓаните“ се вели во соопштението.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

Каевски: Мицкоски нека размисли уште еднаш, струјата од хидроцентралите да им се даде на граѓаните

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T