Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Протоколите за пристапување на Финска и на Шведска во НАТО во македонското Собрание

Собранието денес со почеток во 12 часот, ќе ја одржи 82. седница, на чиј дневен ред, меѓу другите, се точките за ратификација на протоколите за пристапување на Република Финска и на Кралството Шведска во НАТО.

На оваа седница, пратениците ќе се изјаснат за Предлогот на закон за ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор во врска со пристапувањето на Република Финска и за Предлогот на закон за ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор во врска со пристапувањето на Кралството Шведска, што Владата ги достави во Собранието.

На 82. седница на Собранието се поканети претставници на дипломатскиот кор во земјава, членовите на Владата и претседателот Пендаровски.

По НАТО-самитот во Мадрид, што се одржа кон крајот на минатион месец, на 5 јули 2022 година овластени претставници на 30 држави-членки на НАТО во Брисел ги потпишаа протоколите кон Северноатлантскиот договор во врска со пристапувањето на Кралството Шведска и на Република Финска.

Собранието на Република Северна Македонија, која официјално стана членка на НАТО на 27 март 2022 година, првпат ратификува протоколи на нови земји аспиранти за членство во Алијансата.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК