Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Пет илјади странци подготвени за македонска плата да ги пополнат празните работни места во угостителството

Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори во соработка со организациите од Турција може да обезбеди 5.000 квалификувани работници кои веднаш ќе почнат да работата во домашните капацитети доколку надлежните институции овозможат нивно вработување под условите кои важат и за македонските државјани. Поради одливот на кадар во европските држави, секторот се соочува со сериозен недостиг на квалификувана работна сила што е закана за опстојувањето на голем број деловни субјекти.

„Во комуникација со секторските здруженија и организации од Турција најдовме решение за надминување на сериозниот проблем со кој се соочува туристичко-угостителскиот сектор, недостигот на квалификувана работна сила како келнери, рецепционери, собарки, кувари и имаме зелено светло веднаш да донесеме 5.000 работници, за кои нашите плати се прифатливи. Но за да може тоа да се операционализира неопходно е да се поедностават процедурите за регулирање на вработувањето на овие лица бидејќи во нашата држава постои прилично сложена процедура за засновање на работен однос со странски државјани. Сметаме дека доколку овие лица може да се вработат под истите услови како и нашите државјани значително ќе го ублажиме сериозниот кадровски проблем со кој се соочуваме“, истакна неодамна претседателот на ТУК, Аркан Керим, кој сподели и проценка дека реалната бројка на работници кои недостигаат во овој сектор се движи околу 20.000, а доколку не се најде решени постои ризик за затворање на 50-60 проценти од постоечките капацитети.

Можеби ќе ве интересира

Нафтата достигна 112 долари за барел

ДЕСК

Пензионерите идниот месец ќе добијат покачени пензии за 1.000 денари – Дали е тоа доволно?

ДЕСК

За три месеци минималната синдикална кошничка се покачила 2.326, а минималецот ќе се зголеми за 1.667 денари

ДЕСК