Centar.mk
МАКЕДОНИЈАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

СДСМ: Следуваат повисоки плати, пензии и нови антикризни мерки со ребалансот на Буџетот

Со ребалансот на Буџетот за 2022 година обезбедуваме одржување на макроекономската стабилност но и поголема поддршка и помош како за граѓаните, така и за компаниите. Над 76 милиони евра се обезбедени за следниот пакет антикризни мерки за справување со последиците од светската економска и енергетска криза. За поддршка на земјоделството за да се поттикне зголемено домано производство, обезбедени се дополнителни 3,2 милијарди денари, односно 32 милиони евра, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека преку ребалансот се обезбедија средства и за повисоки плати во образованието и детската заштита како и за рекордно зголемување на пензиите од септември за над 320.000 пениознери.

Овој ребаланс на Буџетот на дело ја потврдува заложбата на СДСМ за стабилна и развојна економија но и за повеќе пари во секое семејство. Владата предводена од СДСМ покажува капацитет во справувањето со последиците, покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани.

И во време на глобална економска и енергетска криза, како одговорна партија, продолжуваме да водиме економски политики што го штитат стандардот на граѓаните,се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК