Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Приведени дилери во Радовиш, пронајдена марихуана

На 22.07. и 23.07.2022 во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш ги лишиле од слобода В.А.(18), Г.С.(31) и З.М.(46), сите од Радовиш.

Имено, на 22.07.2022 во 21.00 часот во Радовиш, полициски службеници извршиле преглед во патничко моторно возило „мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал В.А., при што била пронајдена марихуана. По преземени мерки било констатирано дека В.А. ја купил дрогата од З.М. и требало дел од неа да му предаде на Г.С.

Истиот ден, во 22.15 часот, од слобода бил лишен Г.С., а денеска (23.07.2022) во 10.00 часот од слобода бил лишен и З.М.. При претрес во домот на З.М., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, дигитална вага и други предмети кои потекнуваат од кривичното дело.

Тие биле задржани во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

СЕ КРЧКА НЕВРЕМЕ ВО АТМОСФЕРАТА: Пороен дожд, ветер и град можни во следните денови

ДЕСК

Пукање во скопско Шишево, еден повреден

ДЕСК

АРАМИСКА СТОРИЈА ВО ЦЕНТАР: Клиент без пари го нападнал доставувачот и ги зел производите

ДЕСК