Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Приведено лице во Прилеп, предизвикал општа опасност, палејќи го возилото на синот

Денеска (22.07.2022) полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп го лишиле од слобода Г.К.(47) од Прилеп. Имено, постапувајќи по пријава дадена во 16.47 часот според која на улица ,,Бистра Планина” во Прилеп настанал пожар во патничко возило “бмв”, без регистарски ознаки, сопственост на М.К.(26) од Прилеп, преземени се мерки и активности, пожарот е изгаснат од територијалната противпожарна единица, извршен е увид и е констатирано дека пожарот на возилото го предизвикал приведениот, татко на оштетеното лице, по претходна меѓусебна семејна расправија. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за ,,Предизвикување општа опасност” по чл.288 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

СТУД ЌЕ ЈА ОКОВА МАКЕДОНИЈА, ДОАЃА И ЗАСИЛЕН ВЕТЕР: Meteocentar со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски: Лага е дека има договор за мигранти, граѓаните да бидат спокојни

ДЕСК

Митрески: До кога владата ќе си игра мајтап со работниците?

ДЕСК