Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Рускиот гас повторно тече преку Северен тек 1 кон Европа

Портпаролот на австриската ОМВ рече дека Гаспром сигнализирал оти ќе испорача околу 50 отсто од договорените количини на гас во четврток, што е на нивото видено пред гасоводот да биде затворен заради ремонт.

Рускиот гас денеска продолжи да тече низ најголемиот гасовод меѓу Русија и Германија по 10-дневно исклучување поради редовното годишно одржување, соопшти операторот, намалувајќи ја загриженоста дека периодот на одржување ќе биде продолжен.

Имаше голема нервоза во Европа околу тоа дали гасоводот Северен тек 1 ќе биде рестартиран по годишното одржување, при што владите се подготвуваа за можни дополнителни намалувања на снабдувањето.

Нарачани 29,28 милиони киловат-часови гас за испорака преку Северен тек 1.

Нарачките за испорака на гас од Русија до Германија преку гасоводот Северен тек 1 утринава изнесуваат 29.284.591 киловат-часови (KWh) на час помеѓу 6:00 и 7:00 часот, во споредба со нула KWh еден час порано, покажа податоци од веб-страницата на операторот.

Вистинските податоци за физичкиот проток за претходниот временски период од 4:00 до 5:00 часот не се ажурирани и се на нула.

Можеби ќе ве интересира

Од комуникација до конкретна поддршка: Халкбанк за македонските земјоделци

ДЕСК

Energy Delivery Solutions Инфо ПоинтЧ Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 27 ноември 2026 изнесува 307,68 евра за мегават час, на МЕМО 293,55 евра за мегават час

ДЕСК

БРЗИ КРЕДИТИ, БАВНО ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД ДОЛГОВИТЕ – Треба ли Македонија радикално да го преиспита овој пазар?

ДЕСК