Centar.mk
БИЗНИС

НБРМ: Солидна кредитна поддршка на приватниот сектор во првото полугодие, особено на корпоративниот сектор

Солидниот раст на кредитирањето на приватниот сектор на економијата од страна на банките продолжи и во јуни, со месечна стапка од 1 и годишен раст од 10 отсто, што е над очекувањата со последните проекции на Народната банка.

Растот на кредитирањето на корпоративниот сектор продолжи да забрзува и достигна 12,4 проценти на годишна основа, со што се обезбедува значајна финансиска поддршка на реалниот сектор. Натамошен солиден раст од 7,7 проценти бележат и кредитите одобрени на домаќинствата.

Во овој период беа задржани поволните каматни стапки на кредитите. Со податоците за мај, просечната камата за кредитирање на корпоративниот сектор изнесува 3,43 отсто, додека за домаќинствата 5,06 отсто.

Раст бележи и депозитниот потенцијал на банките. Вкупните депозити на приватниот сектор во јуни се повисоки за 0,4 во споредба со мај, а нивното ниво е за 1,8 проценти зголемено на годишна основа. Притоа, растот на депозитите на домаќинствата забрза и достигна 1 на месечна основа, односно 5,2 отсто на годишна основа.

Можеби ќе ве интересира

Цените на нафтата скокнаа над 120 долари: „Брент“ на највисоко ниво од 2022 година

C +

Независна научна студија за влијанието на ЕВН Македонија врз социо-економскиот и енергетски развој во изминатите 20 години  

C +

Силниот раст на продажбата позитивно влијаеше врз профитабилноста 

C +