Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

275 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (20.07.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 275 возачи. Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час. При тоа 135 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 140 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ПЕНЗИИТЕ ЌЕ ПОРАСНАТ, НО НЕ ДОВОЛНО: Дали инфлацијата ја „изеде“ мартовската илјадарка која треба да биде исплатена во април?

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Значителна промена на времето, подгответе се за дожд, а деновиве и снег

ДЕСК

Инцидент во центарот на Скопје – физички нападнат скопјанец

ДЕСК