22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Со поддршка од ЕУ го градиме системот за наводнување Теарце – Обезбедуваме наводнување за нови 300 хектари земјоделско земјиште

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со заменик амбасадорот на Европската Унија, Џулијан Васало и градоначалникот на општина Теарце, Нухи Незири денеска извршија увид во изградбата на системот за наводнување Теарце.

Системот за наводнување Теарце е дел од проектот за изградба на мали нискотрошковни системи за наводнување, финансиски поддржан од страна на Европската Унија. Со овој проект поркај системот Теарце опфатени се и системите Пишица и Конопница, каде изградбат е веќе започната. Вредноста на овие три капитални проекти изнесува 2,3 милиони евра средства обезбедени преку ИПА фондовите на ЕУ.

Изградбата на овој систем помага на повеќе од 120 земјоделци, обезбедувајќи редовно наводнување на земјоделско земјиште. Главен извор на вода од каде ќе се снабдува овој систем е реката Бистрица. Со системот Теарце дополнително се обезбедува наводнување за 300 хектари земјоделско земјиште, опфаќајќи повеќе од 450 парцели на кои се обработуваат различни култури.

Навременото и квалитетно наводнување на земјоделските површини е приоритет на кој како министерство работиме, посочи министерот Николовски во своето обраќање упатувајќи благодарност до Европската Унија за поддршката која министерството ја добива во реализација на овој проект.

„Поддршката која од Европската Унија како држава, но и како министерство, ја добиваме е значајна во развојот на македонското земјоделство. Заедно со поддршрка на Европската Унија, преку ИПА фондовите, работиме и на други капитални проекти преку кои обезбедуваме наводнување на земјоделските површини. Во финална фаза е системот Славишко Поле, а интензивно рабоитме и на систмот Чаушица. Уште два капитални проекти за наводнување на земјоделско земјиште поддржани од ИПА фондовите на Европската Унија чија вредност е 2,5 милиони евра. Со изградбата на овие системи дополнително овозможуваме наводнување за повеќе од 350 хектари земјоделско земјиште. Преку поддршка од ИПА фондовите обезбедени се и средства во вредност од 3,5 милиони евра за изградба на хидросистеми за наводнување во Сопот и Новаци“, истакна во своето обраќање министерот Николовски.

МЗШВ и Владата како никогаш до сега вложуваат во реализација на капитални проекти за изградба на нови системи за наводнување на земјоделските површини.

Активно се работи на довршување на браната Конско, една од најголемите капитални инвестиции во делот на наводнувањето вредна повеќе од 2,6 милијарди денари, која се реалиизира со буџетски средства на Владата. Ова е најголем капитален проект за водоснабдување во последните 50 години со кој се обезбедува наводнување за повеќе од 4000 хекатри земјоделско земјиште во гевгелиско поле.

Уште еден голем проект на кој МЗШВ работи е проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар со кој се обезбедува наводнување за 5.300 хектари земјоделско земјиште.

Реализацијата на овие капитални проекти има за цел да овозможи достапност на земјоделците до соодветни системи за наводнување, помали трошоци за работа и поголема конкурентност, и најважно да го зголеми приносот и подобри квалитетот на земјоделските култури.

Можеби ќе ве интересира

Каевски: Историско поглавје од преговорите со ЕУ, започна скрининг процесот

M T

СДСМ: Започнува скрининг процесот, нов чекор од патот кон ЕУ

M T

СДСМ: Мицкоски е против ЕУ, референдумот е поради негови лични и партиски цели и нема да успее

M T

Каевски: Референдумот на Мицкоски е против ЕУ, против македонски јазик, македонски идентитет и нема да успее

M T

Богоев: Нашата земја има план А, членство во НАТО и ЕУ, се друго е спротивно на државниот интерес

M T

Ковачевски за „Политика“: Развиен регион интегриран во ЕУ се наши стратешки приоритети

M T