Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Го осудуваме криминалниот чин и очекуваме целосно расчистување на случајот со опожареното возило на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ

МВР и сите надлежни институции ги повикуваме и очекуваме целосно да го расчистат случајот со опожареното возило на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Ристески, сторителите да бидат пронајдени и санкционирани согласно законите.

СДСМ го осудува овој криминален чин, повикува на одговорност и очекува јавноста детално да биде инфрормирана за причините, мотивите како и за сторителите, се вели во соопштението од партијата.

Доколку во ВМРО-ДПМНЕ имаат внатрешни проблеми не е начин неосновано да се обвнува било кој, како што поединци во оваа партија на чело со армискиот дезертер, Драган Ковачки го прват.

Обидите за манипулација и покажувањето со прст кон некој друг, само за дневно-политички цели, е свесна злоупотреба на случајот, а можеби и свесно погрешно наведување.

На потег се институциите, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК