Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

УАПСЕН Е ОСОМНИЧЕН: Изгоре луксузно теренско возило “Шкода Кодиак” во Прилеп – било сопственост на пратеник од опозицијата

На 20.07.2022 во полициска станица во СВР Битола-ОВР Прилеп е приведено едно лице, кое е осомничено во врска со пријавата во 01.45 часот дека на ул.„Цар Самоил“ во Прилеп настанал пожар во патничко возило „шкода кодиак“, со прилепски регистарски ознаки, сопственост на П.Р.(45) од Прилеп, од кој било зафатено и патничко моторно возило „пежо 206“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко Б.Р..

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема.

Увид извршила увидната екипа на ОВР Прилеп и во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Информациите велат дека луксузното теренско возило било во сопственост на пратеник во Македонскиот парламент од редовите на опозицијата.

*фотографијата е илустративна

Можеби ќе ве интересира

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

C +

Дожд, снег и засилен ветер до петок: циклон носи над 50 литри дожд

C +

Мицкоски во Будимпешта ќе се сретне со Орбан

C +