Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Целиот политичкиот врв на ЕУ со честитки до Македонија за почетокот на преговорите

Високи европски претставници денеска упатија честитки до Северна Македонија и нејзините граѓани за почетокот на пристапните преговори со Унијата.

Во својата објава на социјалната мрежа Твитер, претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен напиша дека овој историски момент е успех за Северна Македонија и Албанија.

„Ова е резултат на вашата работа, Европската комисија ве поддржува и ќе продолжиме да го правиме тоа“ стои во објавата на Фон дер Лајен.

И еврокомесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји излезе со објава каде се наведува дека се отворени пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.
„Посветени сме како никогаш досега да го вклучиме целиот регион во ЕУ. Денеска правиме голем чекор кон оваа заложба“ напиша Вархеји.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел порача дека ова е историски ден за Северна Македонија и за ЕУ во целост.

„Денеска започнавме преговори со Северна Македонија за да стане членка на ЕУ. Потребна ни е Северна Македонија за заедно да го комплетираме нашиот европски идентитет.“ порача Борел.

Честитка до граѓаните на Северна Македонија и Албанија упати и Европската комисија, а евромабасадорот во земјава Дејвид Гир порача дека стартот на преговорите со ЕУ е резултат на напорната работа на многу луѓе кои се посветени на европската иднина на Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Променливо облачно време со температура од 11 до 18 степени

C +

СДСМ: Владата избра луксуз за себе наместо покачување на платите на работниците

C +

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +